Црна хроника
Крадец ограбил старец во Струга – побарал да му покаже како изгледаат евра и му ги грабнал

Педесет и шестгодишен стружанец украл 8.500 евра од старец во Струга.
Според информациите на МВР, осмничениот Ќ.А.(56) од струшкото село Лабуништа, во текот на јули во Струга пресретнал 76 – годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра.
Старецот извадил од џебот 8.500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел.
Против него е поднесена пријава за тешка кражба на дрзок начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.