Црна хроника
Кривична за полицајци поради малтретирање: дошле поради поплака на сопругата, па го влечеле сопругот

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Т., С.Р., и Ф.Ѓ., полициски службеници од ПСОН Аеродром при СВР Скопје, за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ.
Првопријавениот М.Т. и второпријавениот С.Р. на 24.02.2025 пред влезната врата од станот сопственост на лице од Скопје, го известиле дека се дојдени да извршат службен разговор во врска со поднесена поплака од неговата сопруга, но тој не им дозволил да влезат, бидејќи немале налог од суд за влез во неговиот дом.
Потоа М.Т. неовластено влегол во домот и насилно почнал да го влече оштетениот, го удирал по ногата и се обидел да го лиши од слобода, при што дејствијата ги преземал пред малолетниот син на оштетениот. Со тоа М.Т. сторил две кривични дела односно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ, додека второпријавениот С.Р. заедно со третопријавениот Ф.Ѓ. сториле кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници М.Т., С.Р. и Ф.Ѓ. поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.