Црна хроника
Кривична за прилепчанец: не застанал на знак за запирање и удрил во полицајци
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.
На 12.07.2024 на крстосница на ул.„Прилепски бранители“ и бул.„Гоце Делчев“, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со возилото кое го управувал удрил полициски службеници додека извршувале службени дејствија и им нанел повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Загина млад скопјанец: дошол да му донесе јадење на татка си и паднал од објект во изградба
Дваесет и тригодишен скопјанец трагично го загуби животот по пад од објект во изградба на Бит Пазар.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера, а момчето првин се здобило со тешки повреди, но им подлегнало во болницата Свети Наум Охридски во Скопје.
Момчето со иницијали М.О. се нашло во објектот за да му однесе јадење на неговиот татко, кој бил работник.
Извршен е увид, а телото на момчето е дадено на обдукција.
Црна хроника
Четириесетгодишник истепал дете во училиштен двор во Берово
Полицијата од Берово поднесе кривична пријава против Т.Б. (40) од с.Русиново, беровско, поради насилство врз дете.
„На 30.10.2024 во двор од основно училиште во Берово, пријавениот физички нападнал малолетник“, информира МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Прилепчанец си го запалил моторот на паркинг
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. (29) од Прилеп поради „предизвикување општа опасност“.
„На 19.09.2024 на паркинг простор пред спортска сала во Прилеп, пријавениот го запалил моторот, кој претходно го управувал“, објави МВР во дневниот полициски билтен.