Црна хроника
Кривична за скопјанец, кој од Германија до Владата праќал пораки со говор на омраза
Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против 32-годишник од Скопје, кој е на привремена работа во Германија, поради сомнение за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Како што информираат од МВР, пријавениот на 6 мај годинава до функционер од политичка партија и до Владата испратил електронска пошта со текст со говор на омраза.
Потоа, на својот профил на „Фејсбук“, 32-годишникот ставил објави во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија.
Истиот ден на фејсбук-објава на профилот на телевизиска куќа тој напишал објава во која се ширел говор на омраза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

