Црна хроника
Кривична за скопјанец поради затајување данок

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.
Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари.
Меѓутоа, реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија за истиот износ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж најден починат во домот во Гевгелија

Во куќа во село Селемли, гевгелиско, вчера бил пронајден починат 43-годишен маж.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.
Црна хроника
Пензионерка нападната во Автокоманда по расправија

Р.С.(78) од Скопје пријавила во полицијата дека вчера околу 17.00 часот на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од женско лице.
Според пријавеното, на нападот претходна расправија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Пешак се здоби со тешки повреди по удар од автомобил во Гостивар

Возило управувано од 70-годишник удруи во малолетен пешак од селото Речане.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила денес во 11 часот на улицата ЈНА во Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар .
Извршен бил увид.