Црна хроника
Кривична пријава против директор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против Л.Р.(61) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите на МВР, тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, ПО Скопје, подружница „Стогово“- Дебар, објавил јавен повик за склучување на договор за закуп на плац за складирање на огревни дрва во Дебар, по што, со злоупотреба на службената положба и овластување, подметнал фиктивна понуда за плац, наводно навремено поднесена и со пропуштање на должен надзор и увид дали парцелата ги исполнува минималните услови наведени во јавниот повик, спротивно на предвидените услови, склучил договор за подзакуп и закуп на недвижен имот градежно неизградено земјиште во Дебар.
Со тоа, пријавениот на јавното претпријатие му нанел штета од 615.495 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.
Црна хроника
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди

Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Црна хроника
36-годишен маж од Гостивар измамен за сума од 7.200 денари

Вчера во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје.
Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.