Црна хроника
Кривична пријава против мајката на тепаното бебе
Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет годишната К.М. од Скопје, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело “запуштање и малтретирање малолетно лице.
Пријавената во периодот од 15.06. до 06.07. годинава во повеќе наврати на локации каде што престојувале го оставала без надзор и без грижа своето едногодишно дете, при што детето се здобило со тешки телесни повреди, соопшти денеска МВР.
На 07-ми минатиот месец пријавената К.М.(20) заедно со нејзин пријател Т.Ј. од Скопје, во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје го донеле детето, кај кое биле видливи повеќе повреди по телото и главата, дополнително констатирани и документирани од страна на лекари при Ургентниот центар.
По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршен е разговор со К.М. во кој истата појаснила дека на 15.06. годинава, таа заедно со нејзиното дете го напуштиле нивниот семеен дом во Скопје каде што престојувале со фамилијата на нејзиниот невенчан сопруг, бидејќи истиот бил на издржување на казна затвор во КПУ „Скопје“ Скопје.
Од нејзина страна било посочено дека престојувала на неколку локации во Скопје каде што повеќе пати го оставала само и без надзор нејзиното едногодишно дете. На 07-ми минатиот месец пријавената заедно со нејзиното дете побарала од Т.Ј. да ги однесе на посета кај нејзинот невенчан сопруг, но откако тој видел дека детето има повеќе повреди по лицето и главата веднаш со своето возило ги однел во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Од страна на полициски службеници од ЕНК – ОКСД при СВР Скопје извршен е разговор со пријавената и уште девет други лица, а извршено е полиграфско испитување. Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, на локациите каде престојувала пријавената извршена е крим-техничка обработка, а подигнатите траги се предадени на ОКТИВ при МВР на РМ за што од нивна страна изготвени се извештаи од вештачење. Целокупниот материјал е предаден на надлежен Јавен обвинител на натамошно постапување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

