Црна хроника
Кривична пријава против охриѓани за лихварство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишната М.Д.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против 35-годишниот Љ.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид.
Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.