Црна хроника
Кривична пријава против 35-годишен скопјанец поради криумчарење мигранти
Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против 35-годишен жител од село Трубарево, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Како што информираа од МВР, од страна на судија на претходна постапка на лицето му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
35-годишниот скопјанец пред два дена бил фатен како шверцува мигранти. Околу 22 часот на 13 октомври кај клучката Миравци полициски службеници пронашле 10 лица мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран во возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од пријавениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.