Црна хроника
Кривична против петмина скопјани за грабнување
Полицијата поднесе кривична пријава против С.С.(39), Д.П.(40), А.Ј.(28), А.Н.(30) и Ж.М.(35), сите од Скопје, за сторено кривично дело „грабнување‘‘.
„Пријавените на 19 јуни годинава околу 9 часот во кафе-бар во Скопје договориле средба со М.К.(45) од Скопје со цел да разговараат за неговиот паричен долг од 7 300 евра кон првопријавениот.На средбата веднаш почнале да му се заканувааат на оштетениот дека доколку не го исплати долгот во износ од 100 000 евра ќе мора да ги препише куќата и станот. Оштетениот не се согласил, а тие насилно го внеле во патничко возило ‘голф 6’ и се упатиле во скопското село Зелениково, каде што физички го нападнале. Потоа го однеле во кафе-барот, а од таму го пренеле во стан во Ѓорче Петров и го држеле до 6 часот, кога оштетениот успеал да побегне од станот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

