Црна хроника
Кривични за двајца мажи од Конче кои краделе дрва од парцела на нивен соселанец
Полицијата од Радовиш поднесе кривична пријава против двајца жители на селото Горни Липовиќ, општина Конче, поради сомнение за сторено кривично дело кражба.
Како што информираат од МВР, во периодот од октомври до 6 ноември годинава во атарот на селото Горни Липовиќ, на местото наречено Чукана ‘Рж, од парцела сопственост на нивен соселанец, пријавените одзеле 30 кубни метри необележани дабови и габерови дрва, со што стекнале противправна имотна корист од 72.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.