Црна хроника
Кривични за двајца тетовчани кои недоразбирањата ги разрешувале со пиштол и нож

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца тетовчани Е.М.(40) и Љ.В.(47), поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“.
Како што информнираат од МВР, на 17 јули на тетовската улица „Благоја Тоска“ физички бил нападнат 26-годишниот К.В. од стана на неколку непознати лица меѓу кои и Е.М., кој извадил пиштол и со кундакот го удрил, по што лицата си заминале од местото на настанот.
Откако на местото дошла полицијата, по кратко време пристигнал и Н.М. (36) од Тетово, кој почнал да го навредува К.В., по што бил приведен во полициска станица.
Откако 36-годишникот бил пуштен од станицата, бил нападнат со нож од Љ.В.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.