Црна хроника
Кривични пријави против три лица за незаконско проширување парцела во Охрид

СВР Охрид поднесе кривични пријави против три лица и правно лице за узурпирање на недвижности. Според информациите, првопријавениот незаконски проширил парцела која се уште не била на негово име.
Се работи за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга, Р.Б.(47) од Охрид како и против правно лице со седиште во Охрид.
„ Првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан“ во близина на Охридското езеро, се уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата, ги ангажирал второ и трето пријавените-вработени во правниот субјект од Охрид и, побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро. Истите, извршиле дотур на земја и камен со што, ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи и во водите на Охридското езеро“ соопшти СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во дом на полицаец од Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето странски државјани

Полицаец од Тетово е осомничен дека правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани.
Според информациите на МВР, вчера е извршен претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани.
По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, вчера во 12.14 часот полициски службеници на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод го лишиле од слобода З.С. (56) од с.Горни Манастирец, Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фиат” со регистарски ознаки од Македонки Брод, кое З.С. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно биле измерени 2.66 промили алкохол во крвта.
З.С. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичен законик- “безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа во Струшко

Вчера во 18.30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.