Црна хроника
Кривични против двајца крадци: насилно ограбиле три жени
Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против 18-годишниот А.Б. од Скопје и 18-годишниот К.Д. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин, извести МВР.
„Имено, две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што го носеле на себе. Третото дело е извршено на 31.08.2024 на подрачјето на општина Аеродром, каде што, исто така, со употреба на сила од 61 – годишна жена одзеле личен накит“, соопшти МВР.
Со пријавените бил извршен службен разговор во полициска станица, а оштетените ги препознале сторителите. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените. Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило на авто-школа удрен, па натепан малолетник
Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто-школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и тешко се повреди
Вчера во 13:30 часот во полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево
Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.