Црна хроника
Кумановец нападнат и ограбен сред бел ден
Кумановец бил нападнат и ограбен сред бел ден. Како што информира полицијата, вчера во 17,30 часот во СВР Куманово, Д.Ј.(47) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот на улицата „В.Карастојанов“, едно лице физички го нападнало, по што му одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Објект никнал без одобрение во Охрид, реагираше полицијата
Поднесена е кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради бесправно градење.
„Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Оружје најдено на нива во струшко
Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми.
Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка.
По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

