Македонија
Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацови на Водно.
Постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје тој денеска беше спроведен заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 вв. со чл. 45 од КЗ.
„Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот, како и произнесување на одбраната и обвинителството, донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.Основниот кривичен суд
Како што информира судот, се определува привремена мерка одземање на имот заради обезбедување
поради постоење на основано сомневање дека потекнува од кривично дело перење пари, на тој начин што на правното лице му се забранува отуѓување и располагање со недвижен имот од три катастарски парцели со вкупна површина од над 10.000 метри квадратни во вредност од 1.180.000 евра.
Обвинителката Вилма Русковска денеска од судијата на претходна постапка од кривичниот суд во Скопје побарала притвор и замрзнување на имотот за осомничениот Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацови на Водно.
„Истрагата се работела подолг временски период и е започната во поранешното СЈО, а последните неколкумесеци се работеше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Се работи само за едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело затоа што предикативното е веќе застарено. Во моментов се осомничени шест лица“, изјави Рускоска пред кривичниот суд.
Таа прецизира дека во моментов се осомничени само физички лица и додаде дека засега во истрагата нема осомничено правно лице. Во овој предмет покрај Новачевски осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Aлиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство.
Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното здравство и дигитализацијата како еден од клучните столбови за унапредување на здравствената заштита и системот во целост.
– Во рамки на севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, веќе најавивме и ново софтверско решение, како апликација, кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. Целта е апликацијата да овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување, односно ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна Алиу.
Посочи дека ваквите конгреси претставуваат извонредна можност за размена на знаења и искуства меѓу многубројните експерти, а со својата стручна експертиза придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика.
На 21- от Конгрес на лекари на Македонија свое обраќање имаше и претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров.
Македонското лекарско друштво оваа година го прославува 80-годишниот јубилеј и е најстарo професионалнo здружениe во земјава кoe ги обединува сите лекари. Особено значаен сегмент во нашата работа е континуираната медицинска едукација со организирање стручни предавања, како и придонесот во создавањето и модифицирањето на медицинските протоколи во различни специјалности, истакна Димитров.
Македонија
(Видео) Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кои се однесуваа на постојаното поскапување на цените, лошиот животен стандард на граѓаните, како и одбивањето на власта да ги покачи платите, во време кога трошоците за живот растат.
„Македонија станува земја во која трудот не се вреднува, достоинството на граѓаните, на работниците е понижено. После 15 месеци, граѓаните гледаат и чувствуваат на свој грб дека од оваа влада не можат да очекуваат никаква помош, ниту мерки за подобрување на животниот стандард, ниту повиски плати. Гледаат и слушнаа дека се оставени сами“.
Статистиката, вели таа, постојано регистрира раст на основните трошоците за живот растат, на цените, а стагнирање на платите.
„Да не се лажеме, забавувањето на инфлацијата на месечно ниво за август како што сака да прикаже премиерот не е репер дека нешто се подобрува. Македонија има инфлација меѓу највисоките во Европа. Просечната инфлација во ЕУ изнесува 2.1%, а кај нас во август годинава е двојно повеќе, 4.4%. Само прехранбените производи се поскапи за 6,7%, а дури за 11% во август се поскапени зеленчукот и овошјето. Цените на сите производи одат само нагоре. Минималната синдикална кошница, откако сте на власт, секој месец урива нови рекорди.
Ова според неа, значи дека во периодот откако оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 4.300 денари. Во исто време, додаде дека минималната плата е зголемена за само 1.800 денари.
„Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните и работниците. Овие бројки се поразителни и доказ дека немате ниту капацитет ниту желба да ја зауздате растечката инфлација и цените. Секоја мерка овие 15 месеци ви доживеа дебакл.Наместо да ги заштитите граѓаните, застанавте на страната на заштита на профитите на големите маркети. Платите не мрднуваат, додека земјите од регионот веќе донесоа одлука за раст на минималната плата. Во Албанија од следната година минималната плата ќе биде 500 евра, во Србија 550 евра – нашите граѓани остануваат на дното.
Македонската просечна плата е само 35% од просечната плата во ЕУ, а цените достигнуваат 60% од европскиот просек на цени“.
СДСМ, кажа таа, и во најголемите кризи, и за време на ковидот и за време на енергетската криза, не барала изговори за зголемување на платите – тие постојано растеле .
„Ги заштитивме работните места, компаниите, го заштитвме стандардот на граѓаните со мерки од над 2 милијарди евра, кои што директно ги упативме кон граѓаните. Додека ние се грижевме, вие ги манипулиравте граѓаните. Оттука, имам две прашања до вас министре:Дали планирате да донесете мерки за намалување на цените на прехранбените производи? Дали ќе ги прифатите предлозите на пратеничката група на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ за прехранбени производи?
Македонија
(Видео) Шукова: Да се формира стручен штаб за „Дрисла“ од експерти, чадот е закана за целиот град

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град, вели Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ.
„Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие воздухот и соодветен третман на гасот. Во спротивно, може да дојде до експлозија. Загрижува молкот на раководството на Дрисла. Граѓаните имаат право да знаат: како депонијата моментално се справува со проблемот? Кое решение го имаат? И каде го депонираат новиот отпд во меѓувреме? Слушаме дека е формиран некаков кризен штаб. Но за вистинско решение се потребни натпартиски луѓе, експерти кои со години имаат искуство со менаџирање и управување со отпад“.
Според неа, битни се граѓаните и битно е веднаш да се пристапи кон решавање на проблемот.
„Не како што прави Орце Георгиевски, не како што прави ВМРО-ДПМНЕ, со бегање од народот и без преземање мерки чадот и опасноста од Дрисла нема да се решат. Фактичката состојба најдобро покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неспособна. Ветуваа паркови, ветуваа јавно-приватно партнерство за лични бизниси и профит, а вистинско решение за справување со отпадот нема. Затоа, предлагам веднаш да се формира натпартиски стручен штаб и да се делува по план. Јас веќе разговарав со неколку експерти, тие се подготвени да помогнат. Не за