Црна хроника
Маж избоден со нож во трговски центар во Скопје
На 24.8.2020 во 3:24 часот во СВР Скопје, Н.Т.(30) од Скопје пријавил дека во трговски центар во Скопје три лица физички го нападнале и му нанеле убодна рана, а физички ја нападнале и Р.Ц.П.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повреден од огнено оружје: бил пренесен во болница
Утрово во 03:17 часот во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод пријавил дека кај нив со повреда на рака од огнено оружје е донесен Н. Н.(52) од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош, тој е пренесен во болницата „Борка Талески“ во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Пoлицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓани се степале во ноќен клуб
Во СВР Охрид, утрово во 03:02 часот било пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.С. со стаклен предмет го нападнал Д.С.,двајцата од Охрид.
Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Таксист нападнат на паркинг простор во Охрид
Утрово во 03:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице физички го нападнал такси возачот С.Н.(50) од Охрид.
По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

