Контакт

Црна хроника

Маж извлечен мртов од огнот на „Јордан Мијалков“

Објавено пред

Едно лице почина во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата Јордан Мијалков, потврдија од Министерството за здравство за „Макфакс“. Од брзата помош јавиле дека најверојатно помладо машко лице било мртво извлечено од огнот.

Починатото лице е маж кој во моментов кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа. Според информациите, повредено е уште едно лице.

Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот.

Црна хроника

Тројца насилници за време на полицискиот час предизвикале тепачка во Куманово

Објавено пред

Кумановското основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни против три лица од овој град кои со намера да предизвикаат тепачка, го прекршиле полицискиот час, односно ограничувањето на движењето воведно како мерка против коронавирусот.

Обвинетите на 24 март, околу 22:15 часот заедно отишле во дом на друго лице од Куманово со кого имале претходни несогласувања.

Најпрво започнала расправија, а потоа и физичка пресметка. Поради нарушување на јавниот ред и мир, биле повикани полициски службеници, кои констатирале дека напаѓачите сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

За стореното кривично дело, обвинителството до Основниот суд во Куманово предложило на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

МВР: 46 луѓе не го почитувале полицискиот час, 17 приведени

Објавено пред

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лице им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два одделни случаја две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица, а за другите изготвени се записници.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

По 2.000 евра казна за тројца скопјани кои не го почитувале полицискиот час

Објавено пред

Предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне. Обвинетите се товарат за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 24 и 25 март на разни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест Ковид-19.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Нов смртен случај од коронавирус во земјава, на вирусот позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија41 минута

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии Нина...

Свет50 минути

Околу 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Околу 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемија на коронавирус и...

Свет2 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија2 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија3 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет3 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа4 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа4 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет5 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет5 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион5 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет6 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија6 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион17 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија20 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија21 час

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија21 час

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија22 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Досие