Црна хроника
Маж почина кога со мотокултиваторот што го управувал излетал од патот
Вчера, во 12.40 часот, во ОВР Делчево било пријавено дека на патот Делчево – планина Голак, над манастирскиот комплекс „Балаклија“, С. С. (74), управувајќи мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот.
Од добиените повреди С. С. починал, а лекар од Клиничката болница во Штип констатирал смрт.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од екипа на ОВР Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица повредени при судир на возила на патот Струмица – Берово
Во Полициската станица Струмица вчера во 12.00 часот било пријавено дека на регионален пат Струмица – Берово, кај место викано „Палазлија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(22) од Берово и патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(40) од Неготино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „дачија“, С.М.(49) од Скопје, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист по судир со патничко возило во Прилеп
Вчера во 07.35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.А.(82) од Прилеп и патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(63) од Прилеп.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Топ
Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор
Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од соученик, а другото од 42-годишник во училиштниот двор.
Првиот случај на насилство, за кое информираа од полицијата, се одвивало вчера за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, кога дете било физички нападнато од друг ученик.
За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.
Во вториот случај, тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(42) од Боговиње, тетовско, кој во јуни во двор на основно училиште во селото, физички нападнал малолетник.