Црна хроника
Маж турнал 88-годишна жена во Скопје, со тешки повреди е пренесена во болница
Вчера во 10,45 часот било пријавено дека на 28.08.2020 околу 17,00 часот во Скопје додека З.З.(88) од Скопје била со нејзината сосетка А.В.(62), зет на сосетката ја турнал и таа се здобила со тешка телесна повреда констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

