Црна хроника
Малолетник вмешан во 12 кривични дела заврши во Воспитно поправен дом
Седумнаесетгодишен малолетник е приведен поради сомнение за сторени 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, соопшти МВР.
„ На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип по судска наредба и решение од Основен суд Штип, приведен е 17- годишник, поради сомнение дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба““ се вели во соопштението.
Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово. Се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во продажен објект во Струга
Во Струга, вчера во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“, полициски службеници го лишија од слобода е Х.Ќ.(29) од Струга.
Тој се сомничи поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Подолго време и се заканувал на 38-годишна жена: уапсен охриѓанец
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители“ го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид.
Полицијата како што е соопштено постапила по претходна пријава дека тој подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Почината жена пронајдена во стан во Струга
Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас.
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, соопшти полицијата.

