Топ
Малолетници на возраст од 13 и 14 години приведени за убиство во Струмица

Струмичката полиција го расчисти убиството на 67-годишна жена од овој град и во врска со случајот се приведени двајца малолетници, информираат од МВР.
Од таму информираат дека по добиено сознание во СВР Струмица дека во текот на вчерашниот ден (19 февруари), во куќа во градот се извршени кривични дела разбојништво и силување, извршен бил претрес во куќата на улицата „Балканска“, каде мртва била пронајдена 67-годишната Д.М.
Преземени биле мерки за расчистување на случајот и извршена обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување.
Поради сомнение дека се извршители на кривично дело убиство, вчера во Гевгелија бил уапсен малолетник (13 години), а потоа и 14-годишник од Струмица.
Со цел обезбедување на дополнителни докази, бил извршен претрес во домовите на осомничените.
Во просториите на струмичката полиција, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство во Собранието.
Во салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски претходно кажа дека Заев сам предложил да се гласа да доверба на Владата, за тоа да биде без дискусија на пратениците.
„Констатирам дека е изгласана доверба на Владата“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Според премиерот Заев, гласањето на довербата е расчистување со маглата и соочување со реалноста.
„Јас сум прв премиер кој бара доверба на Владата од осамостојувањето на нашата земја. Тоа е грижа за институциите, граѓаните, стопанството. Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа Влада. Шест месеци опозицијата вели дека ќе ја падне оваа влада. Најавија постапки за недоверба на Владата, а за сега да не се присутни кога јас го отворам прашањето за доверба на Владата. Дозволете сите да ги потсетиме граѓаните на оваа држава зошто е формирано ова парламентарно мнозинство. Затоа што граѓаните го направија својот избор на изборите. Врз основа на довербата на граѓаните беше формирано мнозинство. Ред е да се соочиме и расчистиме и да видиме на дело тоа наводно долго најавувано мнозинство на опозицијата, кое ќе ја паднело владата. Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во Собранието ги обезбедува со меници издадени од Груевски. Нашата единствена меница е довербата на граѓаните на изборите“, кажа Заев од собраниската говорница.
Премиерот посочи дека се блокирани закони од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека само по тоа може да биде запаметена од граѓаните.
Објасни и дека опозициските пратеници се однесуваат деструктивно за блокирање на државата, со изложување на лажни вести за ново мнозинство во Собранието.
„Во изминатите шест месеци, паралелно со стратегијата за справување со Ковид-19, се подготвија и четвртиот и петтиот пакет економски мерки за спас на економијата. Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност. Се градат 100 мегавати ветерници. Паднаа првите пресуди за злосторничко здружување, процеси кои поминаа низ законски судски рочишта. Започна пописот како чиста операција. Од оваа година Северна Македонија слави за членството во НАТО. Ќе бидеме членка и на Европската Унија како Македонци со македонски јазик. И сето тоа, поминато низ опструкции. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде запаметена дека била најголемиот кочничар на реформите. Со сите сили ги блокираа пакетот реформски закони во правосудството. Сега блокираат мерки од петтиот ковид пакет. Беа против покачување на минималната плата, против една изборна единица. Работата на пратениците мора да биде во интерес на граѓаните“, рече Заев.
Македонија
Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар, се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.
Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Занзибар.
Веста за заразените сопружници кои се вратиле од Африка во јавноста ги поттикна стравувањата дека во земјава би можел да навлезе јужноафриканскиот вид на короната, кој се смета за еден од најзаразните во моментов.
Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.
Македонија
Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица – 4 пациенти од Скопје (80, 74, 68, 65) и 1 пациент од Штип (81). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.312 теста преку: ИЈЗ – 755, ЦЈЗ Скопје – 87, „Авицена“ – 291, „Биотек“ – 248, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 170, „Систина“ – 273, лабораторија „Лаор“ – 265, МАНУ – 0, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, ГАК – 0, „Синлаб“ – 66, „Ремедика“ – 32, лабораторија во болницата во Козле – 19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 359, активни 4.145
Куманово 38, активни 338
Тетово 34, активни 323
Прилеп 34, активни 643
Гостивар 29, активни 184
Штип 3, активни 121
Велес 24, активни 278
Битола 25, активни 209
Кавадарци 36, активни 604
Охрид 38, активни 475
Струмица 36, активни 220
Струга 5, активни 190
Кочани 11, активни 91
Кичево 5, активни 74
Неготино 36, активни 264
Гевгелија 35, активни 223
Свети Николе 1, активни 26
Крива Паланка 12, активни 114
Ресен 6, активни 65
Дебар 3, активни 43
Делчево 2, активни 184
Радовиш 2, активни 23
Берово 3, активни 32
Пробиштип 4, активни 32
Виница 1, активни 27
Валандово 5, активни 32
Крушево 11, активни 85
Кратово 1, активни 28
Богданци 4, активни 51
Демир Хисар 3, активни 23
Македонски Брод, активни 8
Демир Капија 1, активни 40
Македонска Каменица, активни 3
Пехчево, активни 4
Дојран, активен 1
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер