Топ
Две лица пронајдени, три нови исчезнати
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен јави дека три лица вчера се оддалечиле од својот дом, а две кои претходно биле пријавени за исчезнати се пронајдени.
Имено, Д.Т од Скопје, пријавил дека на 9 мај околу 07,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила С.Џ. (15), која била под негово старателство. Вчера и М.М. од Скопје, пријавил дека на 9 мај од дома во непознат правец се оддалечила А.М.(14). Двата случаи биле пријавени во полициската станица во Чаир.
Третиот случај го пријавил Т.Д (56) од Прилеп, кој пред полицијата рекол дека на 2 мај од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Х.Д (19).
Полицијата јави дека презема мерки за пронаоѓање на трите лица.
МВР соопшти дека вчера биле пронајдени Л.Ј (34) од с.Брвеница-Тетово, која исчезна околу 1 мај и лицето Б.Ј (19) од Тетово кое изчезна на 7 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги, манипулации и црна кампања.
Филипче изјави дека секојдневно е цел на неосновани обвинувања, вклучувајќи тврдења за имот, патувања и споредби со убијци, оценувајќи дека ваквите напади ги надминале сите граници на политичка борба. Особено реагираше на обвинувањата поврзани со доктор Жан Митрев, нагласувајќи дека станува збор за тешки и невистинити наводи и најави тужби.
„Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, рече Филипче.
Го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон.
„Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави. ВМРО ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Веројатно дефинитивно во Македонија на сите им се јасно што прават“, додаде Филипче.
Во обраќањето, обвини дека власта намерно дефокусира од, како што ги нарече, вистинските проблеми – буџетскиот дефицит од две милијарди евра, ниските плати и пензии, прашањето со мигрантите, корупцијата, тендерските постапки и исплатите преку државни институции.
Тој оцени дека ваквата политика ја турка државата кон изолација и создава одбивност кај граѓаните кон политиката, наместо да се зборува за подобар животен стандард, европска иднина и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.
Македонија
Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа
Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната и заедничка сопственост на граѓаните.
Како што информираат од општината, искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а извршена е и кражба со провалување во чуварската куќа. Од Општина Аеродром потсетуваат дека паркот „Бановина“ неодамна бил целосно обновен и опремен со современа урбана опрема, наменета за сите генерации.
„Наместо грижа и почит кон заедничкиот простор, сведоци сме на несовесно и неодговорно однесување и уништување“, соопштуваат од општината, нагласувајќи дека ваквите постапки нема да бидат толерирани.
Случајот веќе е пријавен во полиција, а од општината упатуваат апел до граѓаните да го чуваат јавниот простор, да пријавуваат вандализам и заеднички да придонесат за уредена, безбедна и достоинствена локална заедница.
Топ
Скопјанец ги нападнал сопругата и ќерката, друг на жената и’ ги скршил телефонот и автомобилот – пријавени случаи на семејно насилство
Во полицијата во Скопје се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, по кои МВР презема мерки за нивно целосно расчистување.
Првиот случај е пријавен од 29-годишна жена од скопско, која навела дека на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33). Според пријавата, тој употребил тврд предмет и ѝ упатувал закани со остар предмет. Претходно, како што е пријавено, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вториот случај е пријавен на 16 јануари 2026 година во 09:20 часот, кога 45-годишна жена од скопско пријавила дека во претходните денови повеќепати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48). При нападите, тој ѝ го оштетил и мобилниот телефон, како и нејзиното патничко возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

