Црна хроника
МВР: За помалку од 24 часа приведени четворица криминалци барани со потерници за 41 година затвор
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи за помалку од 24 часа приведоа четворица криминалци барани со потерници за издржување затворска казна во траење од 41 година, информираат од МВР.
На 15.12.2020 во 3 часот, постапувајќи по оперативната акција „Бегалец“ полициски службеници од СМПС-Отсек за потрага во близина на граничен премин Табановце го приведоа М.З. (39) Скопје по распишана меѓународна потерница во врска повеќе кривични дела и ефективна затворска казна од 19 години
На 15.12.2020 год. во 2 часот полициски службеници од СМПС – Отсек за потрага со асистенција на Единица за специјални задачи го приведоа А.Ф. (28) од Скопје баран со две централни и меѓународна потерница за вкупна казна затвор од девет години и шест месеци во КПУ Затвор Идризово.
На 14.12.2020 година во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул. Страшо Пинџур бб го приведоа Г.Е. (43) од Тетово кој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ, а се барал од 2008 година.
На 14.12.2020 во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош, Тетовско, го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со чл.418а ст.2 од КЗ на РСМ за затворска казна од шест години.. Лицето е спроведено во казнено-поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

