Црна хроника
МВР со кривична пријава за напад врз службено лице
На 19.08.2023 година полициски слуужбеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко и М.Ѓ. (23) од село Градско Балдовци, струмичко.
Тие се сомничат дека на 18.08.2023 година во 23.00 часот во село Баница, струмичко, насилнно запреле цивилно полициско возило „шкода“, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица кој во моментот извршувал службени задачи, по што најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети.
Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Против нив е поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 3 од Кривичниот закон и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

