Црна хроника
Мигранти му го украле паричникот на шверцерот од Дојран
Во текот на вчерашниот ден од страна на патролен тим кај граничниот премин „Богородица“ во Негорски Бањи пронајдени биле четири 4 лица (едно од Алжир, едно од Либија и две лица од Сирија) со нелегален престој во Република Македонија.
По извршениот претрес, кај едно од лицата бил пронајден паричник со лична карта, возачка дозвола и возачка книшка, сите на име Р.Т., македонски државјанин.
Во разговорот тие појасниле дека имале договор со непознато лице за транспорт од Гевгелија кон Скопје за сума од 140 евра. Околу 21:00 часот со патничко возило „ауди“ се упатиле кон Скопје. Во моментот кога возачот побарал од нив да го напуштат возилото, тие му го одзеле паричникот.
Од полицијата објавија дека станува збор за 37-годишник од село Фурка, општина Дојран. Денеска, по полноќ лицето било пронајдено и лишено од слобода. По целосното документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа меѓу три возила во Скопје: повредени четири лица
Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на „Партизанска“: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж
Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.