Топ
Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство
Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет.
Од МВР информираат дека момчето било со регулиран престој во Гостивар, а за обид за убиство е приведена К.Д.(24) од Р Турција, исто така со привремено живеалиште во Гостивар.
Момчето е пренесено во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против девојката ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста.
На Заев и СДС одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните реакции само покажуваат колку директно е погоден за случајот со запленетата марихуана.
Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 додека Филипче беше министер за здравство“.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве, е на фирма во сопственост на луѓе на Заев, додаваат од владејачката партија. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село.
„Тоа е Тони Котев познат како Мгчев кој пак бизнисите ги води со Вице Заев.
Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ?
ЈО да ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
Свет
(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин
Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на Џефри Епстин во неговата ќелија на 10 август 2019 година.
Финансиерот бил приведен во Metropolitan Correctional центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, објавува „Телеграф“.
Just hours before Epstein killed himself in police custody, surveillance cameras captured an orange figure apparently heading in the direction of his cell
Watch the moment when guards found Epstein's body in his cell ⤵️ pic.twitter.com/Tb80fcNL23
— The Telegraph (@Telegraph) February 9, 2026
Околностите на смртта на Епстин, официјално прогласени за самоубиство, како и неговите врски со голем број моќни и познати личности, вклучувајќи претседатели, медиумски магнати и членови на кралското семејство, поттикнаа бројни теории на заговор дека тој бил убиен.
Досега, снимката од откривањето на телото никогаш не беше јавно објавена.
Свет
Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата
Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“.
Конгресменот Ро Кана верува дека кралот Чарлс и кралицата Камила мора да одговорат на прашања за Ендру Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот кој беше вмешан во аферата, објави Скај њуз.
Кана, демократот зад законодавството што доведе до објавување на документите за Епстин, рече дека верува оти британската монархија е во својата најранлива точка во историјата.
„На кралот и кралицата треба да им се постават прашања, а ова потенцијално би можело да биде крај на монархијата“, изјави тој за Скај њуз.
„Ако немаат одговори, ако се вмешани во аферата Епстин, тоа не изгледа добро за британската монархија“.
„Кралот мора да одговори што знаел, што знаел за Ендру, а само одземањето на титулата на Ендру не е доволно“, додаде тој.
„Ендру мора да излезе пред нашиот комитет и да почне да одговара на прашања. Не мислам дека соодветна казна е тој повеќе да не е принц. Мора да има нешто повеќе од тоа.“
Тој, исто така, го критикуваше кралското дистанцирање.
„Не го разбирам овој британски обичај кралот и кралицата да се навредуваат ако некој им постави прашање. Ајде, ве молам. Тие се само човечки суштества, носат иста облека и јадат иста храна, мора да одговорат на истите прашања како и сите други.“
Ендру Маунтбатен-Виндзор ги негираше обвинувањата за злоупотреба и нема индикации дека поширокото кралско семејство имало какви било врски со Џефри Епстин. Сепак, осудениот педофил бил поканет во Бакингемската палата и го посетил имотот Балморал. Неговата соработничка и осудена за сексуална трговија со луѓе, Гислајн Максвел, исто така е фотографирана во Сандрингам со Ендру.

