Црна хроника
Мотоциклист загина во несреќа на обиколницата во Скопје

Дваесет и петгодишен мотоциклист од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера.
Според информациите на МВР, во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколницата, после клучката кај Мирковци, Д. З. (25) од Скопје, со мотоцикл „априлија“ изгубил контрола и излетал од патот.
Тој бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им подлегнал на повредите.
Од МВР велат дека е извршен увид на местото на незгодата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.