Црна хроника
Насилници од Гостивар истепале маж, па му го демолирале моторот
Oбвинителството во Гостивар поднесе обвинение до судот против две лица поради насилство.
Обвинетите, на возраст од 29 и 31 година, на 1 јули 2020 година околу 19:50 часот во Гостивар ја загрозиле сигурноста на едно лице вршејќи врз него грубо насилство.
„Откако оштетениот, кој управувал со моторцикл, запрел до домот на негов другар за да земе кацига и јакна, до него пристигнале двајцата обвинети со возило ‘ауди А8’. Еден од обвинетите со бокс го удрил оштетениот по кацигата по што му се придружил и другиот обвинет. Откако оштетениот го оставил моторот и побегнал кон блиското училиште, обвинетите потрчале по него. Бидејќи не успеале да го стигнат, се вратиле и почнале да ги кршат моторот и кацигата на оштетениот, со што кај присутните граѓани предивикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

