Црна хроника
На Косово приведен македонски државјанин баран за извршено убиство

Македонски државјанин со иницијали А.А, на возраст од 48 години, кој се барал со меѓународна потерница за затворска казна од 12 години за кривично дело убиство, на 6 април бил лишен од слобода на Косово.
Како што информираат од МВР, тој кривичното дело го извршил на 26 мај 2003 година.
Приведувањето следи како резултат на меѓународната полициска соработка помеѓу Северна Македонија и Косово, која е поддржана од регионалниот проект на ЕУ-Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец кој избегал од затвор

Приведен е бегалец од затвор и ќе биде предаден за доиздржување на затворската казна, информираа од МВР.
„Денеска (26.5.2022), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје. Тој бил баран по потерница за доиздржување затворска казна и поради бегство од казнено-поправна установа“, наведе полицијата.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Скопје

Тешко повреден мотоциклист од Скопје по судир со автомобил на крстосницата од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов со улицата Њуделхиска.
Сообраќајната незгода се случила вчера утрото меѓу „бмв х3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К. П. (38) од Скопје, и мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Н. (28) од Скопје.
Притоа повреди добил мотоциклистот Б. Н. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.
Според информациите од МВР, вчера, пред наплатната станица „Сопот“, автомобил „рено клио“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Д. В. (38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општата болница во Велес, каде што од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.
Исто така, тешки телесни повреди добила и сопатничката В. В. (28) од Неготино, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.