Црна хроника
На скопскиот аеродром уапсен тинејџер од Бојане кој се барал со потерница
Во попладневните часови на 15 јули на скопскиот аеродром, при влез во државава, по извршена проверка на 19-годишник од скопското село Бојане, било констатирано дека тој се наоѓал на листата со мерка „апси“ од Одделението за потраги.
Тинејџерот бил приведен и предаден на полициски службеници од полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Експлозија во куќа во охридско, повредено едно лице
Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.
Црна хроника
Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.

