Црна хроника
Не застанал на даден знак, па со автомобилот се обидел да го прегази полицаецот
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.С.(33) од селото Беловиште, Гостиварско, поради предизвикување општа опасност.
„На 16.05.2021 на улицата „ЈНА“ во Гостивар, пријавениот не застанал на знак за запирање од полициски службеници и со возилото се обидел да удри поициски службеник кој извршувал службени дејствија“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
МВР со детали за убиството во Старата скопска чаршија: загина маж од Турција
Денеска во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што две лица се здобиле со повреди од остар предмет.
Полициски службеници излегле на местото и со повреди од остар предмет се пронајдени А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец повреден од огнено оружје: бил пренесен во болница
Утрово во 03:17 часот во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод пријавил дека кај нив со повреда на рака од огнено оружје е донесен Н. Н.(52) од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош, тој е пренесен во болницата „Борка Талески“ во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Пoлицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓани се степале во ноќен клуб
Во СВР Охрид, утрово во 03:02 часот било пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.С. со стаклен предмет го нападнал Д.С.,двајцата од Охрид.
Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

