Црна хроника
Нудел посредување при вработување и не ја пријавувал добивката

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против триесетгодишниот Д.К. од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Во текот на 2014, 2015, 2016 и 2017 година пријавениот преку социјалните мрежи „Фејсбук” и „Пазар 3” нудел услуги за посредување при вработување во западноевропските земји, при тоа од заинтересираните лица за надомест и провизија и судски превод наплатувал од 20 000 до 50 000 денари, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 12.008.038 денари, кои не ги навел во годишната даночна пријава.
На овој начин пријавениот му нанел штета на буџетот на РМ, од 1.176.110 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младо момче од Матејче се судрило со полициски „спарк“, има петмина повредени

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, Липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Црна хроника
Скопјанец фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил

Скопјанец е фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил.
Според информациите, во саботата, на улицата Методија Митевски во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, осомничениот неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога марихуана во поголема кеса. При претрес на возилото полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишникот под сомнение за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците, но и да го повтори делото за кое против него и претходно се воделе други постапки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Качанички Пат

Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Качанички Пат.
Движењето на улицата е отежнато, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, нема загинати патници.