Црна хроника
Обвинение за скопјанецот кој ги претепа своите родители зашто не му дале пари за роденден
Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 49-годишник кој се товари дека во два наврата извршил физички напад, нанесувајќи им повреди на неговите родители.
Како што информираат од обвинителството, во семејниот дом на улица Њуделхиска, на 18 март, обвинетиот со семејно насилство телесно ги повредил родителите.
Тој почнал агресивно да однесува затоа што не добил пари за неговиот роденден, започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре.
Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му едно перче од косата. Потоа ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со повреди.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за продолжување на мерката притвор за 49-годишникот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за убиство во гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.З.(63) од с.Церово, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „предизвикување на општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Х.А.(38) од с.Церово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04.05.2024, по претходна расправија помеѓу пријавените, првопријавениот испукал три куршуми од автоматска пушка, по што бил физички нападнат од второпријавениот.
Црна хроника
Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле
Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје, И.С.(44) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба, прскајќи со вода, предупредила лица кои славеле пред нејзината зграда да ја намалат вревата, по што повеќе лица фрлиле со лименки кон неа и ја повредиле.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.