Црна хроника
Обвинение за 12 лица во Ресен за непостапување според здравствените прописи
Ресенското Обвнителство поднесе обвинение против 12 лица поради непостапување според здравствените прописи. Обвинетите на 22.5.2020 година, вo 23.50 часот, во селото Долна Бела Црква, општина Ресен, не ги почитувале забраната и посебниот режим на движење. Тие за време на полициски час биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен пред продавница во с. Долна Бела Црква, без да поседуваат дозволи за движење.
Поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот суд Ресен му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

