Црна хроника
Од Вардар извлечено телото на 51-годишен велешанец
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на починато лице.
Полициски службеници од СВР Велес и припадници од противпожарната единица од Велес, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излегле на местото на настанот и по преземените мерки во 13:20 часот на место каде што реката Бабуна се влева во реката Вардар било извадено телото за кое било утврдено дека е на С.Д.(51) од с.Рлевци, Велешко, а за кој било пријавено дека исчезнал на 6.8.2020 во 14:45 часот во водите на река Вардар, атар на с.Белештевица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. За настанот бил известен јавен обвинител по чија наредба ќе се изврши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

