Црна хроника
Од станови во кои чистела скопјанка украла накит вреден 960.000 денари

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода 45-годишна скопјанка со иницијали М. А. поради сомнение дека во претходниот период извршила кражби во три стана во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од речиси 960.000 денари.
Како што информираат од МВР, таа била пријавена на 14 март годинава од сопственичките на трите стана, каде што повремено била ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит.
Вчера, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М. А. и во домот на мајка ѝ, при што бил пронајден дел од накитот, кој им бил вратен на сопственичките.
М. А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец кој избегал од затвор

Приведен е бегалец од затвор и ќе биде предаден за доиздржување на затворската казна, информираа од МВР.
„Денеска (26.5.2022), полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(25) од Скопје. Тој бил баран по потерница за доиздржување затворска казна и поради бегство од казнено-поправна установа“, наведе полицијата.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Скопје

Тешко повреден мотоциклист од Скопје по судир со автомобил на крстосницата од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов со улицата Њуделхиска.
Сообраќајната незгода се случила вчера утрото меѓу „бмв х3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К. П. (38) од Скопје, и мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Н. (28) од Скопје.
Притоа повреди добил мотоциклистот Б. Н. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.
Според информациите од МВР, вчера, пред наплатната станица „Сопот“, автомобил „рено клио“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Д. В. (38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општата болница во Велес, каде што од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.
Исто така, тешки телесни повреди добила и сопатничката В. В. (28) од Неготино, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.