Црна хроника
Осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.