Црна хроника
Осумдесетгодишен скопјанец нападнат од неговата ќерка

Вчера во полицијата било пријавено дека во семејниот дом во скопско, 80 – годишен маж бил нападнат од својата ќерка М.М.(48).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Куманово

Вчера околу 11.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улицата „Доне Божинов“, улицата „Ленинова“ и улицата „Тодор Велков“ во Куманово велосипед управуван од Ж.Ф.(64) од село Речица, кумановско, удрил во пешакот Д.Д.(40) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Топ
Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот.
Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.
Црна хроника
Уапсен кумановец: заедно со двајца малолетници од „пасат“ украл пари и предмети

Вчера во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 32-годишниот Л.Ш. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ.
На 09.05.2025 околу 02.40 часот, на паркинг пред казино во Куманово, Л.Ш., заедно со две малолетни лица, од патничко возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, одзеле пари и предмети.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.