Контакт

Црна хроника

Отворена истрага за обид за убиство во селото Арнакија

Објавено пред

Скопското Обвинителство отвори истрага против едно лице за обид за убиство во селото Арнакија.

На 30 август минатата година осомничениот пред кафе-бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да убие едно лице. Според информациите од Обвинителството, тој заедно со уште едно лице застанал со автомобил „фолксваген голф“ на автобуската станица во селото и почнале вербална расправија со трето лице, кој е сведок во истрагата.

Двајцата излегле од возилото држејќи пиштоли во рацете по што сведокот почнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата повикувајќи ги да застанат. На ова осомничениот испукал кон него 3-4 проектили од пиштолот и му нанел три огнострелни повреди.

Повредениот почнал да бега, а осомничениот се впуштил кон него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди. Кога на местото се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.

Бидејќи постојат околности што упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши кривичното дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Прободен со нож жител на Долно Коњари

Објавено пред

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривични дела „убиство во обид“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ против А. С. (35) од с. Горно Коњари-скопско.

На 03.04.2020 во 13,00 часот било пријавено дека во с.Горно Коњари-скопско по претходна расправија помеѓу А.С.(35) од с.Горно Коњари и О.А.(48) од с.Долно Коњари, А.С. со нож му нанел убодна рана на О.А. во пределот на стомакот.

О.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

По пријавување на настанот од полициски службеници излезено било на местото на настанот и при приведување на А.С. од неговиот дом, тој со нож ги нападнал.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Крадец со закана со нож ограбил аптека

Објавено пред

Непознат сторител вчера во аптека на улицата „Васил Главинов“ во Скопје со закана со нож и физички напад над вработената извршил разбојништво и одзел пари.

Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Полициска акција во Чаир, запленети три автомобили и два мотори

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Скопје, по претходна судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на 29-годишен скопјанец во населбата Чаир.

При претресот во непосредна близина на куќата пронајдени биле три автомобили – џип “мерцедес мл“ без регистарски ознаки, “фиат пунто“ со косовски национални ознаки и “мерцедес е270“ со скопски регистарски ознаки, како и мотор “сф мото р 250“ и скутер “априлија“ и двата без регистарски ознаки.

Во близина на возилата во кеса биле пронајдени осум црни маски. За сите предмети постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела и биле предадени на ЕВР Чаир за понатамошно постапување.

Б.З. е во домашен притвор, а приведен бил А.Б.(27) од Скопје, кој бил затекнат со него.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион30 минути

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа2 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија5 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија6 часа

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет6 часа

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет8 часа

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет10 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија10 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет12 часа

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија12 часа

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет12 часа

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет12 часа

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија1 ден

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет1 ден

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет1 ден

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија1 ден

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија1 ден

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ1 ден

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија1 ден

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија1 ден

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Досие