Црна хроника
Отворена истрага против двајца осомничени за разбојништво во маркет
Две лица, на возраст од 28 и 30 години, се осомничени дека заедно како соизвршители извршиле разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајцата за кои постои основано сомнение дека на 2 декември влегле во маркет во селото Сандево и со закана со нож кон вработената, одзеле парични средства во вкупен износ од 36.600 денари.
„Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило „бмв“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

