Црна хроника
Охриѓанка тешко повредена откако со автомобил ја удрил возач од Гостивар
Вчера во 13.00 часот во Охрид на бул.„Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(51) од Гостивар, удрило во С.Ш.(67) од Охрид.
По несреќата, С.Ш. била пренесена во болницата „Св. Еразмо“-Охрид, каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Разбојници ограбиле жена на улица во Аеродром, ѝ го украле ранецот
Двајца разбојници ограбиле жена на улица во Аеродром. Од МВР информираат дека дел од украдените предмети се најдени и вратени на жената.
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.М.(18) и Г.Д.(25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.
Имено, тие се сомничат дека на 10.02.2026 околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром на 53-годишна жена и одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од предметите се пронајдени и вратени на оштетената.

