Црна хроника
Пензионерка нападната во дом за стари лица

Пензионерка од Скопје пријавила дека била нападната во дом за стари лица од друга жена.
„На 13.12.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Л.В.(76) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот во пензионерски дом на подрачјето на Аеродром, каде престојувала, била физички нападната од женско лице С.М..“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Ресен: автомобил излета од патот, возачот почина

Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.
Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.
„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.
Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.
Црна хроника
Автомобил прегази велосипедистка во Прилеп, жената загина на лице место

Четириесет и двегодишна жена загина во сообраќајна несреќа во Прилеп, кога додека управувала велосипед во неа удрил автомобил.
Несреќата се случила синоќа на улицата Александар Македонски.
„Патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп“, велат од МВР.
Од здобиените повреди жената починала на лице место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Разбојник со закана со нож украл чанта на 17-годишна скопјанка, приведен е

Вчера на улицата Манапо во Скопје, полицијата го приведе 68-годишниот Ф.А..
Тој се сомничи дека околу 18.10 часот на ул.„Мраморец“ со закана со остри предмети од 17-годишно девојче од Скопје одзел чанта.
„Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.