Црна хроника
Петмина повредени во сообраќајка на патот Штип – Кочани

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Крупиште, помеѓу „пежо 407“, управувано од Ш.А.(42) од Виница и „опел зафира“, управувано од Е.А.(18) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Е.А., Ш.А. и сопатникот во возилото „опел“, Е.М.(22) од Струмица, a со телесни повреди се здобиле сопатник во возилото „опел“ А.М.(26) и малолетен сопатник во возилото „пежо“, сите констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото на нeсреќата извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кумановец чистејќи го својот пиштол се застрелал

Кумановец чистејќи го својот пиштол се застрелал во текот на вчерашниот ден.
„На 26.03.2023 во 19.24 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.Ц.(48) од Куманово во својот дом во с.Тромеѓа, кумановско, чистејќи го својот пиштол, испукал куршум со кој се повредил, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош“, велат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Топ
Французин крадел во станови во Скопје, одреден му е притвор

31-годишен французин е во притвор откако бил уапсен за кражби во три стана во скопската општина Центар. Одреден му е притвор од осум дена.
– Полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје вчера (26.03.2023) го лишија од слобода А.Ж.М. (31) од Франција поради основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во три стана на подрачје на општина Центар. Лицето со кривична пријава е предадено на јавен обвинител, а судија од Основен суд Скопје му одредил мерка притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Жител од тетовско со нож нападнал и расекол соселанец

Вчера попладне 69-годишен жител на тетовското село Мала Речица е уапсен откако 51-годишен соселанец го пријавил дека го нападнал и го расекол со нож, велат од полицијата.
„Полицајци од СВР Тетово на 26.03.2023 околу 18.25 часот го лишиле од слобода 69-годишниот Џ.З. од тетовска Голема Речица, кој час и половина пред тоа бил пријавен од неговиот соселанец Н.С.(51) дека околу 15.00 часот во Мала Речица физички го нападнал, при што употребил и остар предмет со кој го повредил Н.С.,“, се вели во полициското соопштение.
По целосно документирање на случајот против Џ.З. ќе следува соодветен поднесок.