Црна хроника
Повредена работничка во „Бунарџик“
Скопјанка се здобила со повреди на работното место во фабрика во индустриската зона Бунарџик.
„На 09.06.2023 во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Љ.С.(53) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик“, велат од МВР.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Според информациите од МВР, во истиот ден загинал работник во кругот на „Железара“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден работник во Пробиштип
Со тешки телесни повреди вчера се здобил 58-годишниот М.М. од кратовското село Туралево додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип.
Како што соопшти МВР, случајот синоќа во 21:00 часот бил пријавен во Полициската станица Пробиштип од итната медицинска помош.
На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Пробиштип.
Црна хроника
Претепани мигранти завршиле во кумановската болница
Петмина мигранти завршиле со повреди во кумановската болница откако биле физички нападнати.
– На 29.10.2024 во 02.30 часот во СВР Куманово од вработена во Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив дошле пет лица мигранти (две од Ирак и три од Авганистан) со повреди. Според пријавеното, тие со повредите се здобиле бидејќи биле физички нападнати, известуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
МВР: Лажна била дојавата за бомба во фабриката во Илинден
Денеска во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа.
Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.