Црна хроника
Повредени две малолетнички, кои се возеле на ист велосипед
Денеска, на полноќ, на крстосницата помеѓу улиците Живко Чинго и Андреја Јованоски во селото Велгошти, малолетничка од истото село, возејќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда, при што се повредила.
Во несреќата тешко повредена е и уште една малолетничка качена на велосипедот.
Увид изврши екипа на СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривични против осум лица и три фирми по несреќата на автопатот Скопје – Куманово кога загинаа татко и син
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи” предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик, извести МВР.
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае.
Црна хроника
Претрес во Куманово, приведено едно лице
Вчера во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 35-годишниот З.П. од Куманово, извести МВР.
При преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 265 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувачници
Вчера, во 18.30 часот, во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит-пазар при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот С. А. од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела разбојништво во обложувачници и помали трговски објекти на територија на Скопје заканувајќи се со скалпел, извести МВР.
При преглед кај него се пронајдени скалпел и пари што потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С. А. ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.