Црна хроника
Поднесена кривична против кумановец за обид за убиство
Денеска СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против 32-годишниот В.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело обид за убиство.
„На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово. С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило излетало од патот Охрид – Ресен, тешко повредени возачот и сопатникот
Во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од струшкото село Октиси, излетало од патот.
Во несреќата, возачот и сопатникот Б.М.(63) од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
Црна хроника
Се судрија „пасат“ и „пежо“ во Кавадаречко: двe лица повредени
Во ОВР Кавадарци синоќа во 22 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(19) од село Дебриште, кавадаречко, и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.В. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „пежо“ Л.В.(73) од Битола, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „пежо“ и возачот на возилото „пасат“, констатирани во болницата во Кавадарци.
По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
„Хјундаи“ удри во паркирано товарно возило во Скопје
Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од село Трубарево, скопско, удрило во паркирано товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.