Црна хроника
Под стреата во куќа одгледувал канабис, полицијата го приведе

Вчера околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис.
Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис.
Лицето е задржано во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.