Црна хроника
Покрај опожарено возило, пронајдена регистарска табличка на автомобил кој му припаѓа на исчезнат велешанец
Вчера било пријавено дека во 15.40 часот во село Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило, извести МВР.
„До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал
Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром.
Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.
Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.
„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.
Црна хроника
Дете нападнало врсник со нож во Чаир
Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на повреденото момче.
Нешто пред полноќ, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата за случајот.
Црна хроника
Возачот кој удри во тинејџер во Битола се пријавил во полицијата
Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.
Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.