Црна хроника
Полицајци повредени во сообраќајки во Скопје и Струга

Во сообраќајни несреќи што се случиле вчера во Скопје и во Струга, меѓу повредените се и полицајци.
Полицаец од Скопје е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, помеѓу автомобил „сеат“, сопственост на МВР и комбе „фолксваген кеди“
Во незгодата И.Д. се здобил со повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На ул.„Маркс и Енгелс“ во Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила од кои едно било полициско.
Во незгодата со повреди се здобиле Љ.А., А.Ф. и полицискиот службеник, кои биле пренесени во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.